Интересни идеи за кујни со отворени полици (ФОТО)

Доколку во кујната минувате долго време во барање на садови или одредени прехранбени артикли и зачини, треба да размислите за подобра организација.

Полиците овозможуваат лесна достапност до сето она што е поставено на нив, па доколку правилно се користат сигурно ќе овозможат подобра организација во кујната.

Притоа, отворените полици овозможуваат за најкусо време да го земете бараниот зачин или сад, како и добра прегледност и увид.

Доколку на отворените полици држите чаши и садови, добро е тие да бидат заштитени од прашина. Еден од начините да го постигнете ова е тие да бидат превртени или пак да ги прекриете со прекривка.

Еве неколку примери за отворени полици во кујната:

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.