Интересни резултати на натпреварите од квалификациите за ЕП 2016

Сите натпревари кои синоќа се играа во рамките на квалификациите за ЕП 2016 беа засенети од случувањата во Белград, каде што се играше натпреварот помеѓу Србија и Албанија. Иако речиси цело прво полувреме се играше добар фудбал, во 40-та минута страстите се вжештија кога на теренот прелета дрон кој што на себе имаше закачено знаме на Голема Албанија кој ги испровоцира домашните навивачи и играчи.

srbija albanija

Српскиот репрезентативец Стефан Митровиќ, се обиде да го реши проблемот со тоа што се обиде да го тргне транспарентот, но на тоа играчите на албанската репрезентација бурно изреагираа и веднаш притрчаа кон Митровиќ за да му го одземат знамето. Дојде до инцидент помеѓу играчите, и сето тоа се пренесе и меѓу публиката.

Судијата на натпреварот, англичанецот Мартин Еткинсон на крајот го прекина натпреварот по свое увидување, но и на барање на албанската репрезентација која барала посебни услови, кои за судијата биле невозможни по случувањата на теренот.

Од останатите натпревари, може да се издвои поразот на Грција, кои го забележаа вториот пораз во третиот натпревар во групата, и со само еден бод од ремито со Финска на гости, се наоѓаат 5 место во групата, веднаш над Фарски острови. Грција вчера загуби од Северна Ирска со 0:2 на домашен терен.

grcija s irska

Слично како и Грците, и Германците повторно киксираа. Овојпат ремизираа со Република Ирска. По голот на Тони Крос во 71 минута, Германците мислеа дека ќе обезбедат минимална победа, но Џон О’Шеј во судиското дополнување успеа да донесе насмевка и бод на Ирците, а неверување и разочарување во германскиот табор.

germanija irska

Во Копнехаген пак, Данците останаа со празни раце, откако Кристиано Роналдо и донесе победа на Португалија буквално во последната минута од судиското надополнување, откако по едно нафрлување на Рикардо Кварезма биеше со глава и ја смести топката во мрежата на Данска.

danska portugalija

ГРУПА Д

Германија – Ирска 1:1
Гибралтар – Грузија 0:3
Полска – Шкотска 2:2

ГРУПА Е

Сан Марино – Швајцарија 0:4

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Унгарија 0:1
Финска – Романија 0:2
Грција – Северна Ирска 0:2

ГРУПА И

Данска – Португалија 0:1
Србија – Албанија ПРЕКИНАТ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.