Интерпол бара апсење на рускиот милијардер Пугачов

Интерпол денеска побара итно да биде уапсен рускиот милијардер Сергеј Пугачов, сопственик на повеќе имоти во странство, меѓу кои и францускиот синџир продавници за скапи прехранбени производи „Едиар“, јавува МИА повикувајќи се на информации од меѓународната полициска организација.

Олигархот, што претходно беше близок до Кремљ, денеска живее во егзил во Лондон. Тој е ставен на црвениот список на Интерпол, со што се замрзнати неговите меѓународни сметки на барање на руското правосудство.

Милијардерот е обвинет за злоупотреби и измами во голем размер. Доколку се покаже за виновен, тој се соочува со затворска казна од десет години во Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.