Интервју со мафијата за три милиони денари

Дали одредени медиуми во Македонија почнаа да ја применуваат онаа позната филозофија за медиумите на некогашниот диктатор на Уганда, Иди Амин Дада:

Постои Слобода на говорот. Ама за слобода после говорот не можам да гарантирам?“

На ден 03.02.2021 година беше објавена редакциска реакција на дневно информативниот печатен медиуми во Македонија „Слободен Печат“, на мојата колумна ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ НА „НЕЗАВИСНИОТ“ СЛОБОДЕН ПЕЧАТ!!!

Наводно биле изнесени непроверени информации и тендециозни лаги со цел нивната компанија да се прикаже како крадец на јавните пари.

„Слободен печат“ во немање аргументи, а фатен на дело, се служи со навреди омалаважувања на сите оние кои што само ги прочитале бројките кои тие самите со ништо не ги демантираа. Напротив само ги потврдија.

Мислам дека во овој весник ги заборавиле трите основни правила на релација колумнист-редакција. А тоа се:

  1. Колумнистот пишува во свој стил, не редакциски
  2. Колумната е целосно авторско дело на колумнистот,
  3. Редакцијата може да ја забрани колумната само ако авторот повикува на рушење на Уставнииот поредок на државата.

Американската амбасадорка во Македонија Кејт Мери Брнс изјави:

„Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – довербата едни во други и во владата, вербата во фер и еднаква правда и довербата да се изградат, растат и модернизираат економиите“.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ како субвенција од Владата за 2019 и 2020 година има земено 406.000 евра. Толку од фер и еднаква правда.

Дека моето истражување за државно финансирање на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ е вистинито би сакал да објаснам за парите доделени од Општина Карпош, за нивниот начин и нивната употреба.

Да Ве запознаам со информацијата дека Злате Лозановски главен и одговорен уредник на „Слободен Печат“ е поранешен бизнис партнер на Владо Богоев, татко на актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев, во некогашниот весник „Дневник“. Заедно се малцински акционери.

Општина Карпош во 2020 година во две јавни набавки предвидува 3 милиони денари за огласи, соопштенија и други информации од јавен карактер. Ценовникот кој го дале до Општина Карпош за 2021 година, а потпишан од Дејан Волф е дека:

  • Закуп на цела страна е 3.780,00 без ДДВ
  • Закуп на половина страна е 1.980,00 без ДДВ
  • Закуп на третина страна е 2.700,00 без ДДВ

И таман помислија дека нема да видам.

Ценовникот кој го дале до Општина Карпош за 2020 година, а потпишан од Дејан Волф е дека:

  • Закуп на цела страна е 21.000,00 без ДДВ
  • Закуп на половина страна е 11.000,00 без ДДВ
  • Закуп на третина страна е 15.0000,00 без ДДВ

Јас ваков тип на математика не препознавам. 5.5 пати повисока цена од дополнителниот тендер.

Велат од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ дека за овој тендер биле потрошени 171.100,00 денари.

Да така е. Ама за само 7-12 огласи. Во зависност од кој тип страница закупиле.

Кога ги објавиле Општина Карпош јавните набавки во вредност од 3 милиони денари, СЛОБОДЕН ПЕЧАТ вели ние дадовме најниска цена. Ценате е: 2.999.999,97 денари. А, тоа е пониско за фантастични 0,03 денари.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ заробил во Буџетски рамки фантастични 2.828.899,00 денари.

Вие од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ со ништо не ме демантирате туку само ме потврдувате со тврдењата. Сте потрошиле за 2020 година само 171.000 денари, па се поставува прашањето и зошто новопредвидената сума во 2021 е 2 милиони и ценовникот Ви е за неверојатни 5.5 пати понизок од претходниот тендер и ако не се во прашање изборите односно нивно скриено финансирање.

Натаму. Јас констатирам дека Општина Струга склучила договор на 12 милиони и вие за тоа ме плукате, а потоа сами констатирате дека било печатна грешка на агрегатот тиме.мк или на бирото за јавни набавки. Инаку да Ве потсетам овие информации се јавно достапни токму за да ги одбраниме граѓаните од манипуланти како што сте Вие. Кои се обидувате на скриен начин да покривате изборни трошоци на еден од најлошите градоначалници во Скопје, а син на другар на вашиот главен уредник.

Начинот на комуникација и Резултатот за СЛОБОДЕН ПЕЧАТ е поразувачки.

П.С. Јас во Нетпрес пишувам колумни со години наназад, и овој медиум е првиот њуз сајт и пионер во дигиталното новинарство во Македонија, вие не сте

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес