Интервјуто на Хари и Меган одекна како бомба, оценуваат британските медиуми

Расизмот, негрижата и оттуѓените семејни односи, споменати во интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл, со познатата американска телевизиска водителка Опра Винфри во Велика Британија одекна како бомба и лансираше низа обвинувања кон крелското семејство, оценуваат во понеделникот британските медиуми.

„Што и да очекуваше кралското семејство од ова интервју, беше полошо“, пишува влијателниот весник The Times за првото интервју на војводата и војвотката од Сасекс откако пред една година се откажаа од должностите на кралското семејство и решија од Обединетото Кралство да се преселат во САД.

„Меган имала сиуцидни мисли. Била загрижена за своето ментално здравје. Плачела на официјалната венчавка. А кралското семејство не помогналo“, додава весникот и истакнува за „штетни обвинувања“.

„Се открива слика на двојата која била ранлива, која се чувстувала заточена во својата улога и незаштитена од институцијата“, пишува The Times.

Јавниот сервис BBC на својот портал ги истакнува изјавите на војвотката од Сасекс, чијашто мајка е афроамериканка, дека некој од кралското семејство бил наводно загрижен за бојата на кожата на нивниот син Арчи кога била бремена.

Британскиот јавен сервис во продолжение оценува дека станува збор за „поразително интервју“ коешто покажало „огромни притисоци“ во рамките на кралското семејство и „слика на нечувствителни поединци загубени во инсттуцијата“, пренесува агенцијата AFP.

Дневниот весник The Daily Telegraph пишува дека кралското семејство „не може да се сокрие зад софата“, бидејќи за зборовите на Хари и Меган им се потребни „непробоен елек“, бидејќи дале доволно обвинувања за да се „потопи флотила“, а можеби „и да се наштети на британската монархија“.

„Може да се каже дека овој бескомпромисниот двочасовен разговор е најлошото сценарио за институцијата којашто двојката ја нарекува Компанија“, додава овој конзервативниот The Daily Telegraph, исто така, фокусирајќи се на наводната загриженост околу бојата на Арчи.

Воен речник користи и телевизискиот канал ITV, кој го откупи правото на емитување на интервјуто прикажано на американската телевизиска мрежа CBS News, кој зборува за „бомбардерот Б-52“ со кој двојката „прелета преку Бакингемската палата и го фрли својот арсенал врз неа“.

Весникот The Daily Mirror акцентот го става на „неизмерната тага“ на принцот Чарлс, таткото на принцот Хари, а весникот The Daily Express ја осудува „телевисзската растправа со Опра која им служи на нивните интереси“.

Меган Маркл во разговорот откри дека наводно помислувала на самоубиство поради агресивниот начин на кој британските медиуми пишувале за неа, а и дека лленовите на кралското сеејство оцениле дека Арчи не треба да добие благородничка титула.

Принцот Хари изрази жалење поради тоа што кралското семејство не ги осудило јавно расистичките коментари во дел од британските медиуми. Рече и дека татко му, принцот Чарлс, не му дал поддршка во тие тешки моменти, иако „доживуваше нешто слично и знае што е болка“.