Интервјуа

Интервју со г-дин Ролф Шнебели – Претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка АД Скопје

Интервју со г-дин Ролф Шнебели – Претседател на Управниот одбор на Силк Роуд Банка АД Скопје

Престиж е да се управува со банка со 100% швајцарски капитал која ги следи највисоките швајцарски стандарди во банкарското работењe.

Банките во последно време се активни во делот на понудата на кредитирање на граѓаните. Во овој сегмент актуелен е и вашиот нов станбен кредит. По што тој се разликува од понудите на останатите банки во земјата.

Станбениот кредит на Силк Роуд Банка се разликува во тоа што е станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка во земјата за првите три години. Пред воведување на овој производ долго време правевме анализи за тоа што им е најпотребно на граѓаните така што со лансирањето на овој станбен кредит со најниските фиксни каматни стапки од само 2.7% за првите три години, односно 4.7% за четвртта и петтата година од отплатата на кредитот, сега навистина сме сигурни дека станбениот кредит повеќе не претставува грижа – единствена грижа ви е да одберете добри соседи.

Според сознанијата и анализите што ги правите, кои се најзначајните фактори кои влијаат на одлуката на корисниците при изборот на станбен кредит? Колку според вас банките се подготвени да ги олеснат условите за ваков вид банкарски производи за да можат тие да бидат поатрактивни за корисниците?

Согласно со секојдневните анализи доаѓаме до заклучок дека дефинитивно каматната стапка и довербата која ја имаат корисниците кон банката се главните фактори кои влијаат при изборот на станбен кредит. При воведување на станбениот кредит покрај ниските фиксни каматни стапки воведовме и промотивен период, така што сите кои ќе аплицираат  за станбен кредит до 31.12.2018 година ќе можат да го сторат тоа без никакви дополнителни трошоци за аплицирање,  администрирање или рефинансирање на кредит од друга банка и многу е важно ова да се напомене без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

Силк Роуд Банка е единствен издавач за Американ Експрес картичките во Македонија. Кои се предностите и придобивките од овие картички и колку македонските граѓани се заинтересирани за истите.

 

Да, точно е, банката е ексклузивен носител на лиценцата за издавање на светски реномираните Американ Експрес картички за Македонија. Станува збор за картички препознатливи по единствената „Твој бонус“ програма која нуди можност за поврат на средства и до 15% при направени трансакции кај одредени трговци. Американ Експрес на пазарот во Македонија нуди три типа на картички и тоа Американ Експрес Поинт дебитна картичка поврзана со трансакциската сметка и Американ Експрес Грин и Американ Експрес Голд кредитните картички, со можност од бескаматен грејс период од 50 дена. Кога сме кај Американ Експрес картичките во месец јуни стартуваше и официјално нашиот проект „Наша донација со секоја трансакција“, односно со секоја трансакција направена со некоја од Американ Експрес картичките, банката донира по 5 денари за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје. Реакциите од јавноста за овој долгорочен проект на банката со Клиниката се позитивни и охрабрувачки. Со ова, Силк Роуд Банка како општествено одговорна компанија се надеваме дека барем малку ќе придонесеме кон подобрување на условите на дечињата кои претстојуваат во клиниката.

Банкарскиот е еден од оние економски сектори во земјава каде навистина постои голема конкуренција. Според вас, што е она што најмногу ја издвојува Силк Роуд Банка во однос на останатите банки присутни на македонскиот пазар?

Она што не издвојува од другите банки е тоа што Силк Роуд Банка е единствена банка со 100% швајцарски капитал која што работи на македонскиот пазар. Мораме да напоменеме дека целосно сме фокусирани на исполнување на банкарските стандарди кои се применуваат во Швајцарија, секако припособливи на нашите услови, односно на условите кои ги бара Народната банка. Една од нашите главни карактеристики е тоа што тимот на Силк Роуд Банка е составен од динамични и креативни луѓе кои секогаш се трудат да ги исполнат барањата на нашите клиенти, односно да испорачаат брза и квалитетна услуга.

Какви новини и трендови можеме да очекуваме на домашниот банкарски пазар во блиска иднина, особено во поглед на понудата, како за граѓаните, така и за компаниите?

Банката редовно ги следи понудите и новостите во банкарскиот сектор и секогаш се труди да воведе иновативни производи кои што ја одвојуваат од другите банки, се со цел понуда на најповолни производи и услуги на граѓаните и компаниите. Еден од иновативните производи на домашниот пазар е потрошувачкиот кредит „Направи пауза“ кој што неодмана го воведовме и истиот нуди единствена можност од паузирање на три месечни рати од отплата на кредитот при што каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата. Знаеме дека во ова динамично општество во кое што живееме и секојдневно се наоѓаме пред нови предизвици, граѓаните не секогаш можат да ги испланираат сите трошоци во месецот. Со „Направи пауза“ кредитот, клиентите можат во месец кој што они ќе го одберат да прескокнат со отплата на кредитот.

Дополнително, во делот на корпоративното работење би сакал да истакнам дека Силк Роуд Банка, со цел да ја зајакне конкурентноста на компаниите во РМ, потпиша договор за соработка со Европскиот Инвестиционен Фонд (ЕИФ) и учество во InnovFin гарантната шема, кој нуди ексклузивна можност за полесен пристап до финансиите за малите и средни претпријатија преку InnovFin гарантната шема.

Би сакал да напоменам дека нашата прва донација за Детската клиника од проектот „Наша донација со секоја трансакција“ ќе биде на почетокот на месец октомври. Следете не и во иднина и очекувајте новости поврзани со Американ Експрес картичките кои ќе ги објавиме многу скоро и секако посетете некоја од нашите експозитури и уверете се во професионалноста на нашите вработени и брзата услуга.