Инвазија од медуи во морињата и океаните

Со оглед на тоа дека се поголем е бројот на јата медузи во морињата и океаните ширум светот,н ема да можеме мирно да се капиме, предупредуваат експертите кои велат дека ова е последица на прекумерниот риболов и климатските промени.

Од африканското крајбрежје преку Средоземното, Балтичкото и Јадранското море, па се до американските и азиските заливи, јатата медузи се сè поголеми и поголеми.

Бројот на нивните жртви постојано расте, а тие исто така ја прават рибата несоодветна за човечка употреба, бидејќи ја контаминираат со својот отров.

Експерти и натаму се обидуваат да сфатат што довело до нивно масовно размножување.

Исчезнувањето на големите предатори е уште една причина за зголемувањето на бројот на медузите. Имено ајкулите, туните и желките, се сметаат за главен регулатор на популацијата на медузи, а нив во морињата ги има се помалку.

Медузите се појавиле пред околу 650 милиони години, а денес има неколку илјади видови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.