Инвестиции од над 200 милиони евра во 2013-та година

Над 200 милиони евра изнесуваат странските инвестиции од јануари до октомври, објави Народната банка. Ланската, може да се нарече година на инвестициски бум, каде голем број компании одлучија да вложат и покрај кризата. Најмногу инвестираа од автомобилскиот сектор, пренесе Сител.

Втор погон отвори Џонсон Мети, инвестираше 60 милиони евра, а се отворија 600 работни места, Дрекселмаер во Кавадарци  вработи 4.800 лица, Џонсон Контрол 1.400, Ван Хул над 380. Кронберт и Шубер во индустриската зона во Битола инвестираа 20 милиони евра, а вработија 3000 лица.

Во Демир Хисар се отвори фабрика за балетанки. Инвестираа 6 милиони евра, а вработија 300 лица. Со градба почна и Текнохозе. Нивната инвестиција се проценува на 11 милиони евра, а бројот на ново отворени работни места ќе изнесува 150.

2014 ќе биде поуспешна на инвестициски план. Премиерот најави дека најмалку 20 нови компании ќе вложат кај нас, а оние кои официјално ги објавија своите инвестициски планови се турски Истем Медикал која планира 250 вработувања.

Продис ќе гради нов погон и ќе вработи дополнителни 150, Кумал од Хрватска ќе отвори 50 работни места, германски Маркарт во Велес ќе инвестира 35 милиони евра и ќе вработи 500 лица.

Нов откупен центар за јаболка во Ресен ќе гради Епл Ленд од Дубаи, а нивната инвестиција ќе донесе нови 100 вработувања. Од најавените инвестиции, оваа година се очекува да се отворат најмнаку 1.000 работни места.