Висок бебешки морталитет, немање зрачна терапија, долги листи на чекање, огромни долгови, немање средства во јавното здравство. Ова според претставниците на владејачката партија се само дел од разликите во здравството порано и сега, пишува Лидер.
Инвестициски циклус од 150 милиони евра во инфраструктура и 100 милиони во опрема во здравството
Во делот на здравствената инфраструктура во тек е инвестициски циклус со вредност од 150 милиони евра, во рамки на тој дел од инвестициите се комплетно реализирани, а дел се во тек. Меѓу позначајните инвестиции се, новата Универзитеска клиника за гинекологија и акушерство пуштена во 2011 година, новиот Дијагностичко-ургентен центар во Клиничката болница – Тетово, реконструираната Општа болница во Охрид, реконструираната болница за белодробни заболувања и туберколоза „Јасеново“ во Велес, реконструираната поликлиника „Букурешт“, потоа ПЕТ Центарот кој е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде пуштен, започнатата реконструкција на Клиничката болница во Битола, како и на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, а ќе почнат и градежните работи и за реконструкција на Општа болница Прилеп.
Во делот на набавка на нова медицинска опрема, досега се инвестирани над 100 милиони евра, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во сите делови на Република Македонија.
Неодамна промовиравме два нови апарати за компјутерска томографија, еден на Универзитетската клиника за неврологија и еден во поликлината „Јане Сандански“. Дополнителни два компјутерски томографи се пристигнати и во претстојниот период ќе бидат инсталирани во Универзитетската клиника за детски болести и во „Св. Еразмо“, рече неодамна Груевски.
Спроведени се група набавки на 6 мамографи во вредност од околу 40 милиони денари, кои веќе се пристигнати и се монтираат во болниците во Штип, Куманово, Прилеп, Кочани, Велес и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.Во тек е постапка за набавка на нови мамографи и за Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Македонска Каменица.
Отпочната е набавка и на 12 нови амбулантни возила за Итната медицинска помош при Здравствениот дом Скопје.
Значаен сегмент, во кој контиунирано се вложува е едукацијата на медицинскиот кадар. Од почетокот на проектот во 2012 година досега вкупно 2084 здравствени работници се едуцирани во врвни медицински центри во странство во голем број различни области.Годинава е поставен таргет за 1000 здравствени работници кои се едуцираат во странство. 200 специјалисти се вратија од приватното во јавното здравство.
Воведен е „Мој термин“ – централизиран систем, кој содржи вкупно 1.645.378 електронски досиеја, а само од почетокот на 2015 година се креирани 7 милиони упати и 22 милиони рецепти.
Од 1 февруари 2012 година извршени се осум намалувања на цените на лековите, со што се опфатени над 4.700 лекови и заштедени се над 33 милиони евра.
Со проектот „рурален доктор“ опфатени се 1.227 населени места во државата, лоцирани во 72 општини, во кои живеат околу 360 илјади жители. Досега од почнување на функционирање на овој проект се извршени над 150 илјади прегледи. Со руралните аптеки во населени места се покриени до 3.500 жители. Со оваа мерка се опфатени над 130 илјади жители. Со подвижни аптеки се опфатени помали места до 1000 жители, а досега се доделени 6 лиценци, со кои се опфатени 304 населени места. Со проектот домашна визита, за превенција и превентивни здравствени прегледи, во рамки на шест циклуси досега, се извршени посети на над 103 илјади лица во нивни домови.
Груевски: Во 2016-та ќе се градат 4 нови болници и 5 ќе се реконструираат
Четири нови…