Инвестициите во изградба на нови градинки интензивно продолжуваат

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, денеска го посетија објектот наменет за нова детска градинка кој се наоѓа во рамки на основото училиште Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски.

„Во изминатиов период имавме низа активности за зголемување на капацитетот за сместување на деца од предучилишна возраст во детските градинки, меѓутоа исто така и за зголемување на квалитетот и услугите. Изминатите 12 месеци заедно со новата детска градинка во општина Росоман, отворивме вкупно 15 нови објекти за детски градинки. Со вакви интензивни активности кои се насочени кон зголемување на капацитетите на детските градинки и подобрување на условите, продолжуваме и во наредниот временски период“, рече Спасов.

Тој денеска заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митрески, го посети руинираниот објект во близина на ОУ „Димитар Поп Ѓоргиев- Беровски“, кој ќе станде детска градинка.

„Досега во изминатите години значително е зголемен капацитетот за сместување на децата во градинките, односно за децата од 3 до 6 години капацитетот е зголемен за 20 отсто, што е значително подобрување на капацитетите во Македонија на детските градинки и токму во оваа насока со интензивни активности и инвестиции во изградби и отворање на нови детски градинки планиреаме да продолжиме,” додаде Спасов.

Во завршна фаза се детските градинки во општините Дојран, Василево и во дебарско Могорче, а започната е изградба на градинките во Карбинци и Делчево. Спасов најави дека се планираат инвестиции во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Кочани, Виница и голем број на други општини во Македонија.

Поради поволностите кои им се нудат на приватните инвеститори, нивната заинтересираноста е се поголема за отворање на нови детски градинки. Во моментов, во процедура се отворање на седум приватни детски градинки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.