Инзаги: Балотели заслужува доверба

Бројни критики за Марио Балотели изнесуваат сите во медиумите, пред се за настапот за „Аѕурите“ на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Тврдеа и дека би можел да се пресели од составот на Милан. Како и да е, за Филипо Инзаги, тренерот на клубот, Балотели заслужува преодна оценка.

Тој е меѓу ретките фудбалери за кој што можам да кажам пофалби, заслужува доверба“, вели Инзаги.

„Ќе биде одличен ако тренира вредно. Луѓето озборуваат, како и да е, јас сум задоволен“, додава Италијанецот.

Предводникот на составот од Градот на модата истакна оти и со поразите во дел од подготвителните дуели, натпреварувачката кампања ќе биде добра.

„Се подготвуваме и ги цениме добрите работи во поразите. Ќе треба да се потрудиме и вредно да работиме, ќе бидеме одлични во наредната сезона“, заклучи Инзаги за медиумите од Италија.