Инзаги: Трката со Милан ќе трае 180 минути

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги искажа своите очекувања за натпреварот со градскиот ривал Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите.

– Мора да играме со главата и срцето. Во нашиот дух не се сомневам, но ќе мора да ја искористиме и главата, бидејќи сигурно ќе има тешки моменти. Трката ќе трае 180 минути и не смееме да заборавиме на тоа. Имавме седум дербија во последните 20 месеци. Победувавме и губевме. Можеме да извлечеме по некои заклучоци од тие натпревари, но сите средби се различни едни од други. Играчите треба да се жртвуваат за доброто на партнерите. Ја поминавме групата каде беа Барселона и Баерн, попатно заработивме важно искуство. Со Порто и Бенфика се соочивме со уште две многу тешки пречки, но ги надминавме. Има уште една пред нас. Ги знаеме силните страни на Леао и ќе преземеме мерки на претпазливост доколку тој биде на теренот, но тоа нема да влијае на целокупниот план за игра. Милан знае да игра фудбал, не се само противнападите. Мораме да бидеме добри во сите аспекти, изјави тренерот на Интер.