Инзаги за освојувањето на Купот: Имавме одлична претстава против силен противник

18

По возбудливата игра на стадионот „Олимпико“ во Рим, Интер синоќа победи во финалето на Купот на Италија 2021/22 совладувајќи го Јувентус со 4-2. Тренерот Симоне Инзаги го изрази своето задоволство за победата истакнувајќи дека имале „одлична претстава против силен противник“.

По натпреварот, тренерот на „нероазурите“ зборуваше за „Спортнедиасет“ за перформансите на неговата екипа.

– Навистина добро работевме во првите половина час, но малку ја загубивме формата во последните 15 минути пред полувремето. Нашиот пристап до вториот дел беше лош и пуштивме два гола. Требаше да останеме поконцентрирани, но овој тим никогаш не се откажува, како што знам. Не само оваа вечер, туку од 8 јули ги видов како го прават тоа. Сега имаме два првенствени натпревари кои треба да ги одиграме најдобро што можеме, но правилно е да уживаме во прославите вечерва со навивачите. Среќен сум за момците, клубот и навивачите, рече Инзаги.

Тој дополни дека го прави среќен што ја споделува победата со персоналот кој, како што рече, „ми помага секој ден да се подготвам за три натпревари неделно“.

– Отидовме далеку во сè што направивме. Се пласиравме во осминафиналето во Лигата на шампионите и мислам дека Интер досега беше единствениот тим што го победи Ливерпул. Дадовме толку многу и не жалиме, дополни тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.