ИОК и се заканува на Македонија: Сменете го Законот за спорт најдоцна за шест месеци или суспензија, под закана и ЛОИ Токио

Интернационалниот олимписки комитет со нов допис, пред неколку дена го потсетува Македонскиот олимписки комитет, но пред се државните институции задолжени за легислативата и спортот, на обврската домашното законодавство кое го регулира спортот и работењето на спортските федерации да се синхронизира со Олимписката повелба како и со регулативата која ја пропишува ИОК, пишува Екипа.мк.

Рокот кој е одреден за исполнување на барањата е шест месеци. Во спротивно ќе биде информиран Бордот на ИОК и ќе бидат преземени санкции, кои во најлош случај подразбираат суспензија на МОК од меѓународното олимписко движење.

„ Правило 27.9: “Покрај мерките и санкциите предвидени во случај на повреда на Олимписката повелба, Извршниот одбор на МОК може да донесе какви и да се соодветни одлуки за заштита на Олимпиското движење во земјата на НОК, вклучувајќи и суспензија или повлекување на признавањето на соодветниот НОК, доколку Уставот, законот или другите регулативи кои се во сила во засегнатата земја, или кој и да е акт од кое и да е владино или друго тело кое ќе предизвикат активностите на НОК или одлуките или изразувањето на својата волја да бидат нарушени. Извршниот одбор на ИОК ќе
понудат на таквиот НОК можност да биде сослушан пред да се донесе било каква одлука“ – стои во дописот од ИОК“

Барањата што ги испрати ИОК минатиот месец се однесуваа на Законот за спорт кој според оваа меѓународна институција не овозможува доволна автономија во функционирањето на домашните спортски федерации. ИОК наложи да бидат направени промени со кои ќе им се овозможи потребната слобода на федерациите кои на тој начин би биле ослободени од политички влијанија. ИОК инсистираше и на средба за која во последниов допис потсетува дека не се случила и повторно бара да бидат направени контакти и подготовки за состанокот на кој би требало да бидат договорени чекорите на дејствување.

Надлежите во Интернационалниот Олиписки Комитет ги повикуваат сите државни иституции кои се надлежни за ова прашање да бидат што побрзо активирани, за како што се вели во писмото „македонските спортисти во мирна атмосфера да се подготвуваат за ЛОИ во Токио во 2020 година“. Тие бараа МОК писмото да го проследи до премиерот, неговите советници за спорт како и до директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Што се однесува до иницијативата на дел од домашните федерации за промени во Статутот на МОК и поголема бројка на претставници на федерациите во Собранието на Македонскито олиписки комитет, од ИОК велат дека прашањето ќе биде решено и промената ќе биде направена во процесот на синхронизација на Статутот на МОК со Олимписката повелба.