Ирачката државна телевизија ќе емитува снимка од акцијата во која е убиен ал-Багдади

Ирачката државна телевизија  денеска соопшти дека ќе емитува снимка од американскиот напад во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Британските медиуми јавиваат дека ирачката телевизија, истовремено, цитираше и експерт за тероризам кој кажа дека ирачката разузнавачка служба  помогнала во лоцирањето на ал-Багади.

Во американската воена акција во Сирија се верува дека е убиен лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, пренесоа светските агенции.

Засега, меѓутоа, се уште нема официјална потврда на веста.

Американскиот претседаел Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша „Нешто големо штотуку се случи“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.