Ирачкиот премиер Махди бил известен дека Иран ќе нападне американски цели

Ирачкиот премиер Адел Абдул Махди прими порака од Иран во која се наведува дека одговорот на Техеран на американското убиство на генералот Касим Сулејмани или претстои или е во тек, соопши ирачката Влада.

Според портпаролот на Махди, Техеран го известил ирачкиот премиер дека мета на нападот ќе бидат локации каде се присутни американски сили, но не биле прецизирани локациите.

– Додека ракетите паѓаа на американското крило на базата Аин ал Асад и Харир во Ирбил, Махди доби и повик од Вашингтон, посочи портпаролот на ирачкиот премиер.

Претходно, финскиот весник „Илта-Сономат“ објави дека финската била предупредена дека Иран ќе ги нападне базите со американски војници во Ирак. Финските војници во базата Ирбил, која беше мета на нападите биле заштитени во засолниште и не се повредени.

Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност, истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани.

Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.