
Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани рече дека ќе потпише билатерален безбедносен договор и договор за стратешко партнерство со Велика Британија за време на официјалната посета на Лондон, во контекст на историските промени во Блискиот исток.
Ирак се обидува да избегне да ја врати земјата во зоната на конфликт во време на регионални превирања, бидејќи иранските сојузници Хамас во Газа и либанскиот Хезболах претрпеа загуби, а Башар ал-Асад беше соборен во Сирија.
Рамнотежата на мнозинскиот шиитски Ирак меѓу сојузите со Вашингтон и Техеран беше ставена на проба по нападите на ирачките шиитски милиции поддржани од Иран, кои го понесоа најголемиот товар во компнените судири и уништувањето на ултрарадикалната џихдистичка синитска групација Исламска джава во Ирак, врз Израел и американските сили во земјата, по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври 2023 година.
Ова доведе до неколку меѓусебни напади кои оттогаш беа воздржани, но некои ирачки официјални лица стравуваат од ескалација откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата на 20-ти јануари.
„Ова е дефинитивно важен момент, како за развојот на односите на Ирак со Обединетото Кралство, така и за развојот на (регионалната) ситуација која бара дополнителни консултации“, изјави Судани за Reuters во понеделникот додека патуваше од Багдад за Лондон.
Судани рече дека безбедносниот договор меѓу Обединетото Кралство и Ирак ќе ги зајакне билатералните воени врски по минатогодишната најава дека коалицијата предводена од САД ќе ги прекине своите операции во Ирак во 2026 година.
Исламската држава беше територијално поразена во Ирак во 2017 година и во Сирија во 2019 година, но останува голема загриженост дека би можела повторно да се возобнови во пооддалечените делови на Ирак и да го искористи вакуумот на власт во Сирија откако сунитски исламистички бунтовници своевремно сојузници на Ал Каеда и Исламската држава, од лани поддржани од Турција и западните сојузници го соборија претседателот Башар ал-Асад по тринаесетгодишната војна.
„Ова е еден од клучните моменти во односите меѓу Ирак и Обединетото Кралство. Би го опишал како почеток на нова ера во односите“, рече Судани за договорот за стратешко партнерство, без да наведе детали.
Ирак претходно потпиша договор за стратешко партнерство со САД, кој имаше за цел да ги прошири односите надвор од воените врски воспоставени по инвазијата на Ирак предводена од САД во 2003 година, на која ѝ се приклучи Обединетото Кралство. Таа инвазија го собори поранешниот диктатор Садам Хусеин, но започна две децении долго секташко крвопролевање и војна, а потоа и подемот на Исламската држава, која масакрираше малцинства и накратко воспостави таканаречен калифат пред да биде поразена.
Насилството се намали во последниве години и во поголем дел од земјата постои релативна стабилност, иако економијата останува силно зависна од јавниот сектор, кој речиси целосно е финансиран од приходите од нафтата, што понекогаш доведува до кризи кога цените паѓаат.
Судани се обидува да ги фокусира напорите за обнова на инфраструктурата оштетена од војна и проширување на врските со западните и арапските држави, додека одржува рамнотежа во односите со соседен шиитски Иран, кој има влијание и врз партиите на иачките шиити, но истовемено за Ирак обезбедува и клучни снабдувања со електрична енергија и гас.