Ирачките безбедносни сили ликвидирале десет милитанти на Исламската држава

21

Ирачките безбедносни сили со поддршка на авијацијата на меѓународната коалиција предводена од САД ликвидирала десет борци на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во текот на операција во пустината Анбар во западниот дел од Ирак, соопшти во вторникот Дирекцијата за борба против тероризмот.

„Според веродостојни разунавачки иформации и продолженото следење на остатоците од терористичката група Исламска држава, првата тактичка единица, еден од одделите на Дирекцијата за борба против тероризмот, спроведе десантна операција во координација со авијацијата на меѓународната коалиција во пустината Анбар во областите на градовите ар-Рутба и Вади Хауран, којашто резултираше со еломинирање на 10 терористи, од кои двајца носеа експлозивни појаси“, се наведува во соопштението на Дирекцијата објавено на профилот на Facebook.

Се истакнува дека уште пет терористи биле заробени во истата операција. Се додава и дека како резултат на воздушните напади биле уништени тунелите во кои се криеле милитантите.

Во декември 2017 година владата на Ирак објави целосно ослободување на третина од територијата на земјата којашто речиси три и пол години беа под контрола на Исламската држава. Но расфрланите џихадистички групи продолжуваат со саботажи и на напади во ослободените области. Ирачките безбедносни функционери велат дека повеќето од акциите на милитантите биле спречени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.