Ирачките сили отворија оган врз демонстрантите, нови 14 мртви и 865 ранети

Најмалку 14 луѓе се убиени а уште 865 се ранети во текот на изминатата ноќ кога ирачките безнедносни сили отвориле оган врз демонстрантите во шиитскиот свет град Кербала, соопштија во вторникот болнички и безбедносни извори.

Ирачаните во понеделникот повторно излегоа на улиците четврти ден по ред во вториот бран протести против корупцијата на политичката елита и владата на премиерот Адел Абдул Махди, големата невработеност и лошиот животен стандард.

Протестите започнаа по реичиси две години релативна стабилност во Ирак, кој од 2003 до 2017 година беше под окупација на САД и сојузниците, граѓанската војска и борбите со џихадистичката организација Исламска држава. Од почетокот на протестите кои со поази трат од 1-ви октомври во судирите ширум Ирак убиени се најмалку 250 луѓе, а уште повеќе од четири илјади се повредени.

Безбедносните сили во понеделникот употребиле солзавец врз учениците и студентите кои не го послушаа предупредувањето од премиерот и министерството за образование и им се придружија на илјадниците демонстранти во Багдад.

Очевидци велат за медиумите дека во два багдадски округа војниците со палки ги тепале средношколците. Министерството за одбрана го осуди овој инцидент, но не соопшти дали војниците кои учествувале во него ќе бидат казнети.

Влијателниот шиитски клерик Муктада Садр повика во понеделникот на распишување предвремени парламентарни избори, откако во Багдад беше воведен полициски час.