Ирачкиот Врховен суд го прогласи курдскиот референдум за неуставен

Врховниот суд на Ирак го прогласи во понеделникот за неуставен референдумот за независност на автономната област Ирачки Курдистан, што е последната епизода во кризата на односите меѓу Багдад и Ербил, започната поради организирањето на споменатиот референдум во септември спротивно од мислењето на централните ирачки власти и земјите од регионот.

Врховниот суд во Багдад соопшти дека „донел одлука со којашто референдумот одржан на 25-ти септември 2017 година во Ирачки Курдистан се прогласува за неуставен и се поништуваат сите последици и резулатите коишто произлегуваат од него“.

Поништењето на референдумот е услов на владата во Багдад за дијалог, додека покраинската влада во Ербил одбива да ја пенебрегне надмоќната победа на опцијата „да“ со 92 отсто од гласовите.

Минатата седмица, додека се приближуваше рокот кој го најави Врховниот суд за носење на одлуката за уставноста на референдумот, владата на Ирачки Курдистан соопшти дека ги „почитува“ одлуките на највисоката судска инстанца во земјата, што се препознава како сигнал за подготвеност на компромис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.