Ирак ги обновува преговорите со Русија за системите „С-300“

Багдад ќе ги продолжи разговорите со Москва за набавка на противвоздушниет ракетни системи „С-300“, изјавил во четвртокот за агенцијата РИА претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во ирачкиот парламент, Мухамад Рида.

„Пред неколку месеци, по нападите врз базата на шиитската милиција Ал Хашд ал-Шааби во Багдад и другите провинции, се појави потребата за вакво вооружување и одговорните ги продолжи преговорите за договорот на С-300“, рекол Рида оценувајќи дека тоа прашање „требаше да биде решено одамна“.

Ирачкиот пратеник истакнал дека не е запознат во која фаза се преговорите за зделката, но дека челниците на Ирак имаат овластувања.

„Очекуваме американско спротиставување по ова прашање“, додал.

Истакнува дека претходните преговори биле прекинати поради позицијата на Вашингтон, кој се заканил со санкции за земјите кои ќе ги набават руските ракетни системи, конкретно и на Ирак поради одбранбенито систем „С-300“.

Според Рида, ирачката противвоздушна одбрана веќе поседува некои руски системи, но земјата сака да добие посовремено вооржување за својата одбрана. Според ирачкиот пратеник, уделот на руското оружје во вооружувањето на ирачките безбедносни сили би требало да надмине 50 отсто, бидејќи е поевтино од американското.