Ирак го прогласи Божик за официјален празник на целата територија

Ирачките власти го прогласија христијанскиот празник Божик за официјален празник на целата територија на оваа доминантно муслиманска земја.

„Владата го прогласува Божик за официјален празник во Ирак. Им посакуваме среќен Божик на сите наши граѓани христијани, на сите Ирачани и на сите коишто го слават овој празник ширум светот“, се наведува во објавата од понеделникот на официјалниот профил на ирачката влада на Twitter.

Покрај тоа, кабинетот на ирачкиот премеир Адел Абдел Махди информира за неговата средба со државниот секретар (премиерот) на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, кој во понеделникот пристигна во посета на Ирак.

„Се молиме за успех на оваа прва посета на висок претставник на Ирак … и се надеваме дека тоа ќе биде предуслов за (организирање) посета на папата Франциск“, се наведува во соопштението на Калдејската католичка црква во Ирак.

Како што пренесува телевизијата Al Arabiya, во почетокот на декември Калдејскиот патријарх Луис Рафаел ги повикал ирачките пратеници да го прогласат Божик за неработен ден.

Според официјалната статистика, во моментов на територијата на Ирак живеат околу 300.000 христијани, за разлика од пред почетокот на воената операција на САД во 2003 година имало околу 1,5 милиони следбеници на христијанската религија. Мнозинството од 38-те милиони, поточно 95 отсто, жители на Ирак го исповедаат исламот, а 66 отсто се следбеници на шиитскиот, додека 33 отсто вклучително и ирачките Курди на сунитскиот правец.