Ирак не е безбеден за одржување натпревари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека Ирак не е доволно сигурно место за одржување квалификациски натпревари против Иран и Бахреин, пренесува АП.

Во соопштението се наведува дека ФИФА побарала од ирачката фудбалска федерација да предложи неутрален терен за натпреварите на 14-19 ноември. Натпреварите требаше да се одиграат во Басра, каде репрезентацијата на Ирак веќе играше.

Ирак ретко беше домаќин на фудбалски натпревари од 1980 година, поради безбедносни ризици.
Фудбалската репрезентација на Ирак минатиот месец извојува победа од 2:0 над Хонг Конг и остана на врвот на квалификациската група. Двете екипи се квалификуваа во следното коло од Азиската група за Светскиот куп во Катар 2022 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.