Ирак: Отпочнат процесот на формирање на нова влада

Ирачкото претседателство денеска издало декрет за одржување  на седница на парламентот на 1-ви јули, и со тоа го тпочна процесот на формирање на нова влада. Земјата во моментов е соочена со налети на сунитските екстремисти. Премиерот на Ирак Нури ал Малики денеска ги потврдил информациите дека Сирија извела воздушни напади на екстремистите во рамки на ирачката територија оваа недела, пренесе Би-Би-Си.

Малики рекол дека сириските авиони бомбардирале позиции на екстремистите околу пограничниот град  Ким.

Иако Ирак не побарал таква врста на помош, сепак „ги поздравува“ сите слични напади против групите на Исалмската држава Ирак и Левант , која завзема значаен дел од териториите на Ирак, вклучувајќи го и градот Мосул.

Потпретседателот на Ирак КУдаир ал Кузаи, близок соработник на ирачкиот премиер, објавил дека ќе се одржи седница на парламентот, пренеле новинските агенции.

Три месеци после изборите, многу Ирачани и меѓународната заедница бараат да започне процесот на формирање влада.

Хејг ненајавено во Багдад 

william-hague_2033805c

Шефот на британскaта дипломатија Вилијам Хејг, денеска изненадно отпатувал во Багдад, за да ги повика ирачките лидери да се обединат против офанзивата на сунитските екстремисти.

Хејг би требало да се состане со неколку лидери, со кои ќе разговара за офанзивата на екстремистите, која како што се оценува, претставува „смртоносна закана за стабилноста и територијалниот интегриет на Ирак“, соопштил Форин Офисот.

„Посетата на Хејг уследила после, исто така изненадните посети на американскиот државен секретар Џон Кери, кој ја испрати истата порака.

Исламистие во Ирак заземаа пет покраини северно и западно од Багдад, во офанзива која ја вознемири меѓународната заедница, а во која загинале најмалку 1000.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.