Ирак тргна во голема воена офанзива против “Исламска држава„

irak-ofanziva-islamska-drzava

Ирак тргна во голема воена офанзива против „Исламска држава“, денес почна операција за ослободување на провинцијата Анбар, јавуваат светските новински агенции пренесува Нетпрес.

Пред околу два месеци екстремистите на „Исламска држава“ го освоија Рамади, главниот град на оваа провинција.

– Во точно пет асот утринава, почна воена операција за ослободување на Анбар, се вели во информацијата до јавноста на ирачката армија, објавена државната телевизија. Во воената операција учествуваат ирачката пешадија, шиитските милиции „Хашид шааби“, специјалните сили, полицијата и локални сунитски племенски воини.

Првата цел ќе биде одвојување на градот Фалуџа, кој се наоѓа на околу 50 километри западно од Багдад.

Според Хади ал Амери, командир на најголемата шиитска вооружена формација – организацијата „Бадр“, нападот на Фалуџа ќе почне по празникот Рамазан бајрам, кој е подоцна неделава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.