Ирак: Загина 71 лице при прослава на курдска Нова година на траект

Најмалку 71 лице загина при потонувањето на претоварен траект во реката Тигар во близина на ирачкиот град Мосул, соопштија полициските и медицинските служби на Ирак.

Повеќето од жртвите се жени и деца, соопшти шефот на управата за цивилна одбрана на Мосул Хусам Калил.

Спасувачките екипи досега од водата извлекле 55 лица, од кои 19 деца.

На траектот се славела курдската Нова година, јавија локалните медиуми.