Иран ја известил IAEA дека го забрзува процесот за метален ураниум

Иран извести дека преземал конкретни чекори за производство на метален ураниум збогатен на до 20 отсто чистота за гориво за нуклеарните реактори, објави во вторникот Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), оценувајќи дека тоа веројатно ќе предизвика остри реакции од Западот кој преговара за обновување на иранскиот нуклеарен договор, а САД веднаш изразија загриженост од ваквите постапки на Техеран.

Иран води индиректни преговори со САД од април за враќање на Вашингтон во нуклерниот договор кој кон крајот на ноември 2015 година во Виена го постигна Техеран со шесте светски сили. Поранешната администрација на претседателот Доналд Трамп во мај 2018 година ги извлече САД од договорот барајќи тој да ја опфати и иранската ракетна програма и ги врати санкциите. Техеран, откако европските потписнички на договорот не успеаја да ја заштитат иранската економија од американските санкции, започна со постепено суспендирање на некои свои одбредби од договорот, вклучително и клучните за ограниченото ниво и количество на збогатениот ураниум.

Иран претходно годинава веќе произвел мало количество ткн метален ураниум кој не бил збогатен. Тој потег претставува кршење на нуклеарниот договор, кој забранува какво и да е работење на метален ураниум, бидејќи може да се искористи за производство на јадро за атомска бомба.

Иран ги објави плановите за производство на збогатен метален ураниум, тврдејќи дека развива гориво за истражувачки реактор во Техеран, но САД, Велика Британија, Франција и Германија не му веруваат и апелираат да престане со таквите активности.

„Иран денеска ја извести Агенцијата дека UO2 (ураниум оксид) збогатен на до 20 отсто U-235 ќе биде испорачан во истражувачката лабораторија на Постројката за производство на горива во Исфахан, каде што ќе биде претворен во UF4 (ураниум тетрафлорид) и потоа во метален ураниум збогатен на 20 отсто U-235, пред да биде искористен за производство на гориво“, се истакнува во соопштението на IAEA.

Во резимето од извештајот, Агенцијата опишува дека станува збор за „процес во повеќе фази“, сугерурајќи дека ќе измине извесно време пред да биде произведен збогатениот метален ураниум.

Преговорите за обновувањето на иранскиот некулеарен договор беа одложени на 20-ти јуни, а датумот за нивното продолжување сѐ уште не е одреден.

Америакнските власти се загрижени од извештаите дека Иран ја известил IAEA за планот за производство на метален ураниум збогатен до 20 отто за употреба како гориво за реактор, веднаш во вторникот реагираа од Стејт департментот.

„Како што сфатив, пристапот до овој извештај останува ограничен сѐ додека не биде објавен (…) Сепак, видовме извештаи во медиумите кои го објаснуваат овој документ. Загрижувачки е тоа што Иран претпочита да продолжи по патот на ескалација во непочитувањето на своите обврски од Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA – како што е целосниот официјален назив на нуклеарниот договор)“, изјави на брифингот за новинарите во Стејт департментот, изјавил портпаролот Нед Прајс.

„Ова претставува уште еден разочарувачки чекор наназад од страна на Иран, особено во однос на фактот што ние од своја страна ја покажавме нашата искрена намера и подготвеност да се вратиме на (придржувањето кон) нуклеарниот договор и да изнајдеме попродуктивни и трајни начини за решавање на прблемот со нуклеарната програма“, додал претставникот на американската дипломатија.

Прајс рекол дека САД јасно дале до знаење дека ваквите провокативни чекори нема да му дадат никаква предност на Иран во преговорите, туку само ја зголемуваат американската загриженост од иранската нуклеарна програма и оти ги повикуваат Техеран да престане со таквата тактика.

„Продолжуваме да го повикуваме Иран да престане со оваа тактика на балансирање на работ, да се вратиме во Виена, подготвени за вистински преговори и да бидеме подготвени да ја завршиме работата којашто ја започнавме во април“, порачал Прајс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.