Иран ја обвини ЕУ дека попушта пред „средношколски насилник“

Иран во четвртокот порача дека не размислува за целосно повлекување од меѓународниот нуклеарен договор, бидејќи со тоа би се изложил на нови санкции и ја обвини Европската унија дека попушта пред „средношколски насилник“, алудирајќи на барањата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иран не размислува за целосно повлекување од меѓународниот договор за неговата нуклеарна програма потпишан во 2015 година со шесте нови сили од кој во мај 2018-та еднострано се повлекоа САД воведувајќи нови царини, бидејќи со тоа повторно би се нашол како тема на Советот за безбедност при ОН, изјави во четвртокот иранскиот претседател Хасан Роухани.

„Тогаш повторно би имале проблеми“, рече Роухани на средбата со директорите на иранската централна банка.

Роухани претходно во четвртокот изјави дека иранската нуклеарна програма сега е понапредна отколку во периодот кога беше склучен виенскиот договор во 2015 година. Како реакција на воведувањето на санкциите од САД и неможноста ЕУ да ја заштити од нив притиснатата иранска економија, Техеран од крајот на минатата година спроведе неколку фази на суспендирање на дел од своите обврски кои произлегуваат од договорот.

„Збогатуваме повеќе ураниум од пред постигнувањето на договорот… притисокот врз Иран се зголеми, но продолжуваме да напредуваме“, рече Роухани во телевизиско обраќање. Притоа не изнесе поединости, но иранската агенција за атомска енергија набрзо би требало да изнесе повеќе податоци.

Нуклеарниот договор од 2015-та, кој Иран го потпиша со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, требаше да гарантира само развој на цивилната нуклеарна програма, како што постојано тврди Техеран, а да го спречи развојот на воената програма. Иран се согласи на тоа во замена за укинувањето на децениските санкции од меѓународната заедница со цел да го спречи да дојде до нуклеарно оружје. Но по повлекувањето на САД, Иран повторни е на удар на жестоки санкции кои се однесуваат и на сите компании во светот кои соработуваат со Техеран, вклучително и оние од земјите во ЕУ.

Иран по постепеното суспендирање на своите обврски од договорот се закани и со целосно повлекување од него, откако на 3-ти јануари во американски напад во Багдад беше ликвидиран неговиот влијателен генерал Касем Сулејмани. Тоа предизвика нова ескапалција на тензиите меѓу Вашингтон и Иран со меѓусебни ракетирања и закани.

Меѓутоа, Иран порачува дека е подготвен да се врати целосно во рамките на договорот, под услов тој да се спроведува како што е предвидено и во доменот на санкциите. И на интерент страницата на претседателот Роухани се наведува дека делумното повлекување од договорот е ризично за иранската економија, но се порачува дека тоа се чекори на кои е принудена земјата.

Другите земји потписнички се обидуваат да го одржат договорот. Лондон, Париз и Берлин оваа седмица го активираат ткн „механизам за решавање на споровите предвиден со договорот“, осудувајќи го Иран дека не го почитувал. Но Техеран во четвтокот ги обвини Британија, Франција и Германија дека со таквата постапка попуштаат пред „средношколскиот насилник“ Доналд Трамп.

Претходно во средата весникот The Washington Post објави дека САД се закануваат со царини од 25 отсто на увозот на европските автомобили, доколку споменатите три европски држави формално не го обвинат Иран дека не го почитува нуклеарниот договор.

„Попуштањето е потврдено. Трите европски држави извршија предавство на остатоците од нуклеарниот договор за да ги избегнат новите царини на Трамп. Тоа нема да ‘мине’ пријатели. Само ќе му го зголемите апетитот. Се сеќавате ли на својот средношколски насилник“, напиша на Twitter иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф.

Двајца европски дипломати во четвртокот за медиумите ги потврдија американските закани со царини, но и истакнаа дека европските земји ја однеле одлуката претходно. Европската унија во четвртокот објави дека високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Барел, имал „искрени“ разговори со Зариф на маргините од конференција во Њу Делхи.