Иран ја повлече акредитацијата на инспекторка на IAEA

ОФицијален Техеран ја повлече акредитацијата за една инспекторка на Обединетите нации по инцидентот од минатата седмица во посторјката за збогатување ураниум во Натанз, објавија иранските власти во четвртокот.

Алармот се активирал кога инспекторката на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA) влегла во комплексот што предизвикало загриженоста дека таа на себе би можела да носи сомнителна материја, се наведува во соопштението на Иранската организација за атомска енергија (IOEA) објавено во четвртокот на интернет страницата на организацијата.

Поради тоа е забране влезот за инспекторката во постројката, се додава во соопштението во кое не се наведува далои сомнителната материја на неа е пронајдена или не.

Иранската организација пишува дека ја известила IAEA за инциденто, како и дека ја повлекла акредитацијата за инспекторката. Таа потоа отпатувала од Иран во Виена, во седиштето на Агенцијата, се додава во иранското соопштение без податоци за државјанството на испекторката, ниту датмот на нејзиното заминување.

Иранската организација дека нејзиниот претставник во IAEA ќе го предаде целиот извештај за инцидентот на средбата во четвртокот ов Виена.

Според ивори близок на IAEA 35-ти членови на советот на гувернери на агенцијата во четвртокот подоцна треба да се сретнат во Виена за да дискутираат за иранското зголемување на нивото на збогатување ураниум во подземниот објект во Фордоу, 180 километри јужно од Техеран. На состанокот ќе стане збор и за инцидентот во Натанц и повлекувањето на акредитацијата за инспектпорката, рекол за Reuters истиот извор во Виена.

Иран претходно во средата потврди дека ги зголемил активностите во својата подземна нуклеарна постројка Фордоу, што можеби првпат покажува дека Техеран планира да истапи од договроот потпишан со светските сили во 2015 година, откако од него во мај 2018 година истапија САД и ги вратија санкциите чија цел е да ја ослабат иранската еконимија и иранскиот нафтен сектор.