Иран ја распуштил моралната полиција, го разгледува законот за хиџабот

Иранските власти ја распуштиле милицијата за заштите на јавниот морал, главно одговорна за спроведување на кодексот на облекувањето посебно на жените во јавноста, пренесе AFP повикувајќи се на објава на иранскиот главен државен обвинител, а решението е донесено во занината на протестите што ја зафатија земјата по смртта на младата Махса Амини.

„Моралната полиција е распуштена, но правосудните власти ќе продолжат да се занимаваат со овој општествен предизвик“, го цитирал весникот Shargh главниот ирански државен обвинител Могамед Џафар Монтазери.

Не се наведени други поединости за околностите или спроведувањето на оваа одлука. Но критичарите на Техеран со страв и недоверба гледаат на оваа објава.

„Проблемот не е во моралната болиција, туку во барањето за носење на прекривки за главата“, објави на Twitter ирански активист и додаде дека „Жените мора да се движат слободно без шамии“, истакнувајќи дека тоа е „само првиот чекор“.

Западите коментатори велда дека иако распуштањето на моралната полицијка не значи крај на задолжителното носење шамии, тоа претставува значителен чекор во успехот на женското движење во Иран. Протестите на дисидентите ширум земјата, поттикнати од апсење на оваа оваа полиција, траат повеќе од два месеца.

Махса Амини, 22-годишна иранска Курдка, приведена бил кон средината на сепрември поради кршење на исламското правили на облекување, поради наводно неколку прамени коса кои и штрчеле од прекрвата позната како хиџаб. Амини починала во полицискиот притвор на моралната милициија, што предизвика протести ширум земјата. Активистите обвинуваат дека девојката починала поради тепање, додека властите, пак, објавија дека починала поради влошување на здравствената состојба од претходно заболувања.

 

Менување на законот за хиџабот

Иранските власти претходно, исто така, објавија дека ќе биде преиспитан со децении стариот закон кој бара од жените покривање на главата, додека се справува со протестите во врска со строгиот кодекс за облекување во текот на кои демонсстраните ги палеа хиџабите и извикуваа антивладини пароли. Во текот на протестите, според владата загинале над 200 демонстранти и десетици припадници на иранските безбедносни служби, а според активистите биле убиени речиси 500 демонстранти.

Од смртта на Амини сѐ поголем број жени во Ирна не носат хиџаб, особено во модерниот северен дел на Техеран, пренесуваат медиумите.

„И парламентот и правосудството работата на прашање“ дали е потребно да се промени законот, изјави во саботата иранскиот државен обвинител Монтезари, пренесе новинската агенција ISNA, но не е прецизирано дали законот би требало да биде изменет со одлуката на овие две тела, коишто мнозински ги контролираат конзерватиците.

Тимот за ревизија на законот се сретнал во средата со парламентарната комисија за култура и дека „резултатите се очекуваат за седмица или две“, додал државниот обвинител.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во саботата повтори дека темелите на иранската република и на исламот се впишани во усставот на земјата.

„Меѓутоа, постојат методи за спроведување на уставот кои можат да бидат флексибилни“, изјави претседателот Раиси во телевизиското обраќање.

Хиџабот стана задолжителен за сите жени во Иран во април 1983 година, четири години по Исламската револуција со коишто беше соборена монархијата којашто ја поддржуваа САД. Тоа и натамуѕ е многу чувствително прашање во земјата во којашто конзервативците инсистираат дека хиџабот би требало да биде задолжителен, додека реформистите тоа сака да ги препуштат на слободниот избор на жените.

 

Стотици убиени

Откако со законот хиџабот стана задолжителен, со промената на нормите на облекувањето стана вообичаено во Иран да се видат девојки и жени во фармерки и широки шарени шамии. Но во јули годинава, ултраконзервативниот претседател Раиси, повика на мобилизација на „сите државни институции за спроведување на законот за носење шамии“.

Меѓутоа, многу жени продолжија со кршењето на прописите. Во септември главната иранска реформистичка партија повика на укинување за задолжителното носење на хиџабот. Унијата на исламската народна партија на Иран, којашто ја основаа роднините на поранешниот претседател Мохамад Хатами, во саботата побараа од властите да ги „подготват законските елементи кои отвораат пат за укинување на законот за задолжителниот хиџаб“. Опозициската групација, исто така, повикува Исламската Република „официјално да објави крај на активностите на моралната полиција“, според соопштението.

Иран ги обвинува своите најголеми непријатели САД и нивните сојузници, во прв ред Велика Британија, Израел и групациите на курдскот и сунитското малцинство во странство надвор од земјата, дека преку своите шпионски мрежи и мејнстрим медиумите влијаеле на организирањето на масовните насилни протести кои официјален Техеран ги нарекува „безредија“.

Генерал од иранската Исламска револуционерна гардад претходо седмицава, првпат потврди дека повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите во бездредијата по смртта на Амини. Највисокиот иранско безбедносни тело, Врховниот совет за национална безбедност, во саботата соопшти дека бројот на загинатите во текот на протестите „надминува 200“ луѓе. Државната новинска агенција IRNA наведува дека таа бројка вклучува припаднии на безбедносните сили, цивили и сепаратисти, како и изгредници.

Невладината организација Iran Human Rights, чие седиште е во Осло, во вторникот соопшти дека најмалку 448 луѓе „се убиени од безбедносните сили во протестите кои траат шорум земјата“. Функционерот на Обединетите нации задолжен за човекови права Вокер Тарк изјави минатата седмица дека 14.000 луѓе, вклучително и деца, се упсење во задушувањето на протестите. Кампањата за апсења обпафила познати спортисти, славни личности и новинари, додава. Меѓу последните лица кои се приведени е филнската ѕвезда Митра Хаџјар којашто била приведена во саботата од нејзиниот дом, пренесе реформистичкиот весник Shargh.

Врховниот совет за национална базбедност соопшти дека покрај човечките жртви насилствата предизивкале штети кои се проценуваат на трилиони риал, односно милиони американски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.