Иран бара споделување на информациите за уривањето на украинскиот авион, покани странски експерти

Иран бара од Канада и другите земји да ги споделат информациите за уривањето на украинскиот патнички авион во близина на Техеран и го поканува странски експерти да учествуваат во истражувањето на причините за падот на „Boeing 737-800“ во кој загинаа 176 луѓе, изјави во четвртокот вечерта портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Изјавата на Мусави дојде како коментар веднаш по изјавата на канадскиот премиер Џастин Трудо, како и на британскиот премиер Борис Џонсон, за тоа дека постојат наводни разузнавачки информаци кои укажуваат дека украинскиот патнички авион во средата утрото „можеби бил по грешка урнат“ од ирански противвоздушен систем.

„Иран го замолува премиерот на Канада, како и секоја друга влада, да ги пренесат инфорамциите коишто ги поседуваат за овој инцидент до комисијата којашто ја истражува насреќата во Иран“, изјави Мусави.

Иранскиот дипломат, исто така, истакна дека Техеран поканил да учествуваат во истрагата и експерти од Украина, чија делегација според претставници на Киев допатувала во иранската престолнина во четвртокот утрото и се состои од 45 стручњаци меѓу кои претставници на 12 министерства и агенции. Мусави додаде и дека се поканети и претставници на американскиот производител на паднатиот авион „Boeing“.

„Исламската Република Иран го поздравува присуството на експерти од земјите чиишто државјани загинаа во страшната катастрофа“, рече Мусави.

Авионот се урна набрзо по полетувањето од Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци. Од Техеран полетал во 6,10 часот по локално време кон Киев, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите уривајќи се недаелку од иранската престолнина.

Претходно во четвортокот директорот Организацијата за иранско цивилно воздухоплоство (CAO), Али Абедзаде, ги отфрли тврдењааа дека украинскиот авион би можело да биде соборен од проектил на иранската противвоздушна одбрана, од едноставна причина зашто немало никаква потреба таа да биде активирана и да дејствува.

Во прелиминарниот извештај на CAO се наведува дека според очевидци од земја и од воздух, од други авиони над техеранскиот аеродром во тој момент, на украинскиот „Boeing“ имало пожар пред да се судри со тлото. Истовремено се укажува дека траекторијата на авионот укажува на тоа дека екипажот сврел назад кон аеродромот, но пилотите не пријавиле вонредна ситуација на летот.

Пред појавата на вестите за наводно соборување на авионот, западните медиуми повикувајќи се на извори од безбедносните служби објавија дека постојат докази кои укажуваат на тоа дека прегревањето ан еден од моторите го предизвикал падо. Според првичните изјави на цитираните извори објавени меѓу другите и од агенцијата Reuters во средата вечерта, западните разузнавачки служби дошле до заклучокот дека авионот не бил соборен.