Иран ѝ даде на Европа уште два месеца за спасување на нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Роухани им даде на европските земји потписнички на нуклеарниот договор од 2015 година уште два месеца да го спасат овој договор, но предупредки дека Техеран се подговтвува за мерки со кои ќе ги суспендира своите обврските од него кои би имале „вонредни ефекти“.

Роухани ја даде оваа изјава во моменти на серија контрадикторни навестување од повеќе ирански функционери како одговор на предлогот на Париз за спасување на нуклеарниот договор.

Франција предложи да му се понуди на Иран 15 милијарди американски долари кредитни линии до крајот на годианва, доколку Техеран целосно се придржува до одредбите од договорот потпишан со шесте светски сили, но од кој во мај минатата 2018 година истапија САД воведувајќи повторно санкции против Иран. Висок ирански функционер изјави дека Иран ќе ја прифати таквата понуда, додека теелвизијата PressTV објави дека Техеран го отфрлил предлогот.

Откако САД се повлекоа од договорот, Иран одговори со две мерки со кои ги прекршува некои од одредбите од договорот, иако тврди и оти натаму има намера да го спаси. Роухани се закани дека ќе преземе нови мерки во оваа насока, доколку Фрацнија и другите европски потписнички – Германија и Франција – до 5-ти септември не го заштитат Иран од влијанието на американските санкции.

„Мислам дека не е веројатно оти ќе постигнеме резултат со Европа денеска или утре. Европа ќе има уште два месеца да ги исполни своите обврски“, рече Роухани. Според него, Иран сепак ќе продолжи со плановите за суспендирање на договорот и ќе ги забрза своите нуклеарни активности. „Третиот чекор ќе бида најважниот и ќе има извонредни ефекти“, објави државната телевизија цитирајќи го иранскиот претседател.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече, пак, дека целосно се неефикасни новите американски санкциите наметнати на иранската цивилна вселенска агенцаи и на уште две научни институции, кои според САД наводно се користеле за развој на иранската балистичка програма.

„Американците се зависни од санкции. Овие санкции потполно неефективни“, рекол Зариф кого го цитира иранската новинска агенција Tasnim.