Иран директно го обвинува Израел за саботажата во нуклеарната постројка во Натанц

Иран го обвини Израел за саботажата во клучната никлеарна постојка во Натанц и предупреди на одмозда за овој чини го цитираше во понеделникот иранската државна телевизија министерот за надворешни работи Мохамад Зариф Џавад.

Иранскиот портал Nournews објави дека е идентификувано лицето кое го предизвикало прекинот на електричната енергија во една од производните хали во подзената постројка за збогатување ураниум. „Преземени се неопходните мерки за апсење на тоа лице“, пренесува порталот близок на актеулната власт во Техеран без да открива повеќе поединости.

Инцидентот се случи во периодот кога се прават обиди да се најде дипломатско решение меѓу САД и Иран за да се заживее нуклеарниот договор од 2015 година, од кој Вашингтон истапи во 2018 година. На договорот меѓу Иран и шесте светски сили беше договорено контролирање на иранската нуклеарна програма, а на тоа жестоко се противи иранскиот регионалне непријател Израел.

Иран и светските сили минатата седмица одржаа, како што беше оценето, „конструктивни“ разговори за спасување на договорот. Техеран, по враќањето на американските санкции кои ги запреа и европските инвестиции во силно нагризаната иранска економија, постепено суспендираше некои од своите обврски од договорот, особено во врска со количеството и степенот на збогатувањето на ураниумот, што особено го вознемирува Израел кој тврди дека Иран е блиску до правење атомска бомба, што иранските власти го негираат цело време.

Иранските валсти инцидентот од неделата го опишуваат како чин на „нуклеарен тероризам“ и истакнуваат дека Техеран го задржува правото за дејствување против неговиот организатори. Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во понделникот директно го обвини Израел.

„Ционистите сакаат да се одмаздат поради нашиот напредок по прашањато на укинувањето на санкциите. Јавно рекоа дека тоа нема да го дозволат. Но ќе им се одмаздиме на ционистите“, изјави Зариф на државната телевизија.

Неколку израелски медиуми, повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, објавија дека тајната служба Мосад извела успешна мисија на саботажа во Натанц, забавувајќи го процесот на збогатување на ураниум за неколку месеци. Израелските власто официјално не го коментираа инцидентот.

Саботажата е изведена ден откако Техеран, кој повторува дека не сака да разива нуклеарна енергија во воени цели туку во цивилни за добивање електрична енергија и во медицински цели, во Натанц ги вклучи новите напредни центрифуги за збогатување ураниум.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех на прес-конференцијата во понеделникот изјави дека инцидентот треба да се третира како „чин против човечноста“, но и дека не предизикал „контаминација или жртви“, пренесе новинската агенција IRNA.

„Нашите нуклеарни стручњаци ја проценуваат штетата, но со сигурност можам да ви кажам дека Иран ќе ги замени оштетените со напредни центрифуги за збогатување ураниум“, додал Хатибзадех.

Инцидентот во Натанц, исто така, се совпадна со посетата на американскиот министер за одбрана Лојд Остин на Израел, при што ја повтори доследноста на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за главниот сојузник на САД на Блискиот иток.

„Посветен сум на продолжување на нашето блиско советување околу заканите кои ги претставува Иран и зајакнување на израелската безбедност“, објави Остин на Twitter.

Неименуван висок американски функционер за Reuters изјави дека Вашингтон не учестувал во тој чин, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на церемонија во неделата директно не се осврна на инцидентот во Натанц, но рече дека „борбата против нуклеаризацијата на Иран е огромна задача“.

Во последната деценија имаше неколку случаи на саботажа во иранските постројки и атентати на ирански нуклеарни стручњаци, за кои Техеран го обвинува Израел.

Компјутерскиот вирус „Stuxnet“, за кој се верува дека го развиле САД и Израел, во 2010 година е откриен откако е користен во напад на Натанц, предизвикувајќи пад на системот и престанување на работата на центрифугите. Во јули минатата 2020 година во Натанц избувна пожар, а се појавија сомневањата дека, исто така, станува збор за саботажа. Иран го обвини Израел и за убиството на Мохсен Фахризадех, кој се сметаше за водечки научник на нуклеарната прогма во ноември 2020-та со автоматско оружје кое било поставено на рутата на научникот а наведувано било сателитски. Израел не потврди, но ниту негираше дека стои зад тоа убиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.