Иран директно го прозва Израел за убиството на нуклеарниот физичар

A view shows the scene of the attack that killed Prominent Iranian scientist Mohsen Fakhrizadeh, outside Tehran, Iran, November 27, 2020. WANA (West Asia News Agency) via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY.

 

Иранскиот претседател Хасан Роухани го обвини во саботата Израел за убиството на водечкиот ирански нуклеарен научник во терористичкиот напад во петокот крај Техеран, за кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред две години во Обединетите нации рече дека е главниот творец на во 2003 година напуштената воена нуклеарна програма но која иранските власти наводно тајно ја продолжиле/

Иранските челници, влијаделното свештенство и воените лидер се заканија дека убиството на научникот Мохсен Гакризаде ќе биде одмаздено, што може да доведе до зголемување на тензиите на Блискиот исток, па и пошироко. Според податоците на Иран, ова е шести терористички акт и атентат врз водечки ирански научници во последните десетина години, за што главно ја обвинува изралеската тајна служба Мосад која врбува припадници на сунитското малцинство во доминатно шиитската земја и противници на исламската револуција.

„Нашиот народ е помудар за да падне во стапицата на ционистичкиот режим (Израел)… Иран сигурно ќе одговори на мачеништвото на нашиот научник во соодветно време“, изјави Роухани на седницата на владата која беше директно пренесувана на иранската државна телевизија.

„Уште еднаш злите раце на глобалната ароганција и ционистичките платеници се извалка со крвта на ирански син“, рече Роухани и додаде дека убиството на Фахризаде нема да ја забави работата на иранската нуиклеарна програма.

Претходно иранското министерство за одбрана, порача дека Фахризаде, кој беше на чело на Организацијата за одбранбени иновации и истражувања (SPND) и професор на Техеранскиот универзитет, образовал стотици студенти кои се кадарни да ја продолжат неговата научна работа, отфрлајќи ги наводите дека станува збор за програма чија цел е развивање нуклеарно одружје.

Израел, Пентагон, американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Стејт департментот, Белата куќа и тимот на веројатно новиот американски претседател Џозеф Бајден одбија да го коментираат атентатот.

Убиството на научникот предизвикува стравувања од повторно максимално разгорување на непријателствата меѓу Иран и неговито регионални противници сојузници на САД, пред преземањето на претседателската должност од страна на Џо Бајден чиишто политики кон Блискиот исток допрва треба да бидат појаснети.

Западните агенции изброија дека најмалку четворица значајни ирански научници се убиени во насочени атентати меѓу 2010 и 2012 година, чијашто цел е саботирање на иранската нуклеарна програма. За овие атентати досега никој не ја преземаше одговорноста.

Мохсен Фахризаде почина во болница како последица од раните здобиени во вооружениот напад на повеќе лица врз автомобилот со кој се превезувал во градот Абсард, во округот Дамаванд во покраината на главниот град Техеран. Покрај престрелката меѓу напаѓачите и обезбедувањето на научникот, била активнирана и автомовил-бомба, изјавија за медиумите очевидци на нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.