Иран ќе ѝ дозволи на IAEA сервисирање на камерите во неговите нукеларни постројки

Иран ќе ѝ дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) сервисирање на нејзините камери во иранските нуклеарни постројки, договорено е во неделата во разговорот со шефот на оваа агенција на Обединетите нации со седиште во Виена, Рафаел Гроси, објави челникот на Иранската агенција за атомска енергија (AEOI), Мохамад Еслами.

„Се договоривме за замена на мемориските камери на агенцијата. На инспекторите на IAEA ќе биде дозволено сервисирањето на идентификуваната опрема и да ги заменат медиумите за чување на податоците кои заеднички ќе ги скалдираат IAEA и AEOI во Исламската република Иран“, изјавил Еслами.

Гроси својата прес-конференција ќе ја одржи на виенскиот аеродром во неделата навечер, по враќањето од патот, информираше IAEA.

Претходно седмицата IAEA ги информираше своите членки дека не е постигна напредок во преговорите со Иран за две клучни прашања: појаснување на трагите од ураниум кои се најдени на неколку стари, неозначени места и итно овозможување на пристапот до одредена опрема за надзор за агенцијата да може да ги следи активностите на делови од иранската нуклеарна програма, како што е предвидено со нуклеарниот договор од 2015 година.