Иран ќе егзекутира американски агент вмешан во убиството на генералот Сулејмани

Ирански граѓанин кој им дал информации на американските и израелските служби за локацијата каде се наоѓа убиениот генерал Касем Сулејмани, наскоро ќе биде егзекутиран наскоро, соопшти претставник на иранските судски органи.

Со напад со дрон во близина на аеродромот во Багдад, американските сили на 3-ти јануари го убија генералот Сулејмани, командант на специјалните сили „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Вашингтон го обвинуваше Сулејмани за организирање напади врз американските сили во регионот.

Махмуд Мусави Маџ, еден од шпионите на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и на израелски Мосад, беше осуден на смртна казна.

„Махмуд Мусави Маџ бил поврзан со CIA и Мосад и за парични награди се занимавал со шпионажа на Револуционерната гарда. Тој на нашите непријатели им дал информации за тоа каде се наоѓа маченикот Сулејмани“, изјави во телевизиското обраќање судскиот портпарол Голам Хосеин Исмаили.

По убиството на Сулејмани, Иран на 8-ми јануари одговори со ракетен напад врз американска база во Ирак. Во нападот не беа убиени ниту повредени американски војници, но стотици од нив подоцна беа дијагностицирани со мозочни трауми.