Иран ќе ги казни Американците каде и да бидат во неговиот досег

Иран ќе ги казни Американците каде и да бидат во неговиот досег поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулјемани, се закани висок командант на Иранската револуционерна гарда, пренесува во саботата иранската новинска агенција Tasnim.

Генералот Голамали Абдулхамзех, командант на Гардата во јужната покраина Керман, притоа споменува можност од напади врз борбени пловила во водите на Персискиот залив. Иран го задржува правото да им се одмазди на САД поради смртта на Сулејмани, рекол генералот Абдулхамзех.

„Ормутскиот теснец има клучно значење за Западаот и голем број американски разорувачи и воени бродови таму минуваат… Иран одамна ги идентификуваше клучните американски цели во регионот… Околу 35 американски цели во регионот, како и Тел Авив се во нашиот дострел“, рекол командантот Абдулхамзех.

Висок функционер на либанското шиитско движење Хезболах, во меѓувреме од Бејрут порача дека решителен ќе биде одговорот на „оската на отпорот“ која ја поддржува Иран на убиството на генералот Сулејмани, пренесе во саботата телевизијата Al Mayadin.

Шефот на пратеничката група на Хезболах го парламентот на Либан, Мохамед Раад, алудираше на низа групации кои ги поддржува Иран во регионот, од Либан, Сирија, Ирак, Јемен …, кои го зголемија влијанието на Техеран во регионот.

Раад оцени дека САД направиле „грешка“ изведувајќи го атентатот врз Сулејмани, и оти тоа ќе го сфатат во деновите коишто претстојат.