Иран ќе ѝ ги предаде на Украина „црните кутии“ од соборениот авион

Шефот на одделот за истраги на авионски несреќи на иранската агенција за цивилно воздухопловство, Хасан Резаифар, потврди дека Иран ќе ѝ ги предаде на Украина „црните кутии“ од соборениот украински „Boeing“, пренсува во саботата агенцијата Tasnim.

Претходно во петокот укаринскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко изјави дека Техеран ќе му ги предаде на Киев „црните кутии“ од соборениот авион, откако заедничкиот меѓународен тим иследници за несреќата добил пристап до нив на самото место. За тоа, како што рече Пристајко, добил уверување во текот на телефонскиот заговор со шефот на иранската дипломатија, Мохамад Џавад Зариф.

„Имавме чести состаноци со украинскиот експертски тим, по барање на укранинската страна ‘црните кутии’ ќе бидат испратени во оваа земја“, ја цитира агенцијата изјавата на Разаифар.

Додал дека доколку стручњаците во Киев не успеат да ги декриптираат податоците од „црните кутии“, кои ги бележат разговорите во пилотската кабина и податоците за летот, записите ќе бидат испратени во Франција, во тамошниот центар за истраги на воздухопловни несреќи.

Авионот од типот „Boeing 737-800“ на воздухопловната компанија „Меѓународни авиолинии на Украина“ се урна кусо време по полетувањето од Техеран кон Киев рано утрото на 8-ми јануари. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажиот, а 167-те патници биле државјани на Иран, Канада, Украина, Германија, Шведска, Авганистан и Велика Британија.

Три дена подоцна, на 11-ти јануари, иранската армија призна дека украинскиот авион бил случајно соборен и оти за тоа е виновен човечкиот фактор. Во соопштението беше наведено дека припадник на противвоздушната одбрана на Иран, кој неколку часа претходно изведе ракетни напади врз две бази во Ирак со американски војници и во очекување на американски противудар одбранбените системи биле во потполна боева готовност, сметал дека авионот кој летал во близина на воена база е „американска цел“.

Поради трагедијата, иранските власти притворија неколку лица, елитната Револуционерна гарда се извини, а командантот на воздухопловните сили на Гардата, бригадниот генерал Амирали Хаџизадех, ја презема целосната одговорност. Војникот по грешка помислил дека авионот поради неговото движење кон чувствителна воздухопловна база на Гардата е „крстосувачка ракета и имаше 10 секунди да одлучи“, додаде тогаш генералот Хаџизадех.