Иран е подготвен „автомаски“ повторно да ги почитува преземените обврски

Иран е подготвен автоматски да се врати на почитувањето на обврските преземени од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година со шесте светски сили, доколку администрацијата на Џо Бајден кој е сѐ поверојатно новиот американски претседател ги укине новите санкции наметнати против Техеран во 2018 година, објави шефот на иранската допломатија откако во средата САД воведе нови снакции.

„Нешто може да се стори автоматски. САД може да ги почитуваат своите обврски (…) и ние ќе ги почитуваме своите (…) За тоа не се потребни ниту преговори ниту услови“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во интервјуто за днавниот билтен на иранската влада.

„Доколку САД ја почитуваат резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на Обединетите нации и санкциите бидат укинати, и доколку нема никакви пречки за економските активности на Иран, тој како што и најави ќе ги почитува своите обврски“, додаде Зариф.

Американското министерство за финансии објави во средата нови санкции во секторите енергетија, рударство и финансиски услуги насочени против Иран. Динесени се само два месеца пред истекот на сегашниот претседател Доналд Трамп, и со нив се опфатени 20 лица и 50 организации поврзани со фондацијата која е под контрола на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи.

Обајавениот победник на американските претседателски избори, демократот Џо Бајден, изјави дека сака да го промени курсот на политиката на „максимален притисок“ врз Иран која ја спроведува актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.

Откако едноставно ги повлече САД од меѓународниот договори со Иран, кој го критикуваше како недоволен уште во предизборната кампања во 2016 година, Трамп ги обнови децениските санкции укинати со договорот од Виена и воведени и нови.

Плашејќи се од реперкусии од американските санкции, големите европски компании кои започнаа со инвестиции во Иран набргу ги повлекоа, а Техеран откако им даде рок на европските потписнички на договорот да ги решат проблемот со санцкиите кои ја турнаа неговата економија во длабока рецесија, започна со постепеното суспендирање на своите обврски, вклучително и оние за зголемување на процентот за збогатување на ураниумот и неговите резерви. Но иранската влада постојано повторуваше дека е подготвена да се врата на целосното почитување доколку и САД се вратат на почитувањето на резолуцијата 2231.

Интервјуто на Зариф е објавено откако агенцијата Reuters и дневниот весник The New York Times повикувајќи се на анонимни извори без приложување никакви докази, објавија дека наводно Трамп пред минатата седмица се интересирал кај своите советници за можност за напад врз иранската ниуклеарна постројка во Натанц. Но наводно советниците го одовратиле од воен напад предупредувајќи го дека би можел брзо да прерасне во голем регионален судир. И по два дена нема ниедна официјална потврда на овие тврдења.