Иран е упорен дека ќе извезува нафта

Иран ќе продолжи да извезува нафта без оглед на американските санкции кои се дел од психолошката војна и коишто неминовно ќе пропаднат, изјавил во понеделникот иранскиот претседател Хасан Роухани.

Со повторното воведување на американските санкци за оваа земја членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) која е трета според обемот на производство на сирова нафта во овој картел, САД сакаат да го притиснат Иран да се откаже од развојот на програмата за балистички проектили, дополнително да ја скуси својата нуклеарна програма и покрај договорот со шесте светски сили од 2015 година, и да го повлече своето политичко влијание и поддршка за шиитски милиции во Сирија, Либан, Јемен и Ирак.

„Нема да потклекнеме под овој притисок. Ќе продолжиме да извезуваме нафта (…) Вашите регионални политики се покажаа неуспешни, а вие за тој неуспех од Авганистан до Јемен и Сирија го обвинувате Иран“, изјавил иранскиот претседател Хасан Роухани пред масата којашто извикувала „Смрт на Америка“, пренесуваат светските агенции.

Уште еднаш повторил дека САД немаат поддршка во меѓународната заедница по прашањето за враќањето на санкциите приотив Иран, потсетувајќи дека Вашингтон привремено им дозволил на осум земји и натаму да можат да ја купуваат иранската нафта.

„Америка е сега изолирана. Освен ционистичкиот режим (Израел – з.р.) и некои земји, ниту една друга земја не го поддржува американскиот притисок врз Иран“, додал Роухани.

Франција, Германија и Велика Британија, како претставнички на ЕУ, Русија и Кина, кои исто така се потписнички на нуклеарниот договор од кој САД истапија во мај годинава, настојуват да пронајдат начин да го ограничат влијанието на американските санкции. Тоа во прв ред се однесува на европските земји, чиишто големи компании веќе ги повлекоа вносните проекти од иранскиот пазар, поради заканата од одмазда од Вашингтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.