Иран ги отфрла медиумските извештаи дека распоредил проектили во Ирак

Иран во саботата го отфрли извештајот на агенцијата Reuters дека Техеран разместил проектили во Ирак, посочуваќи дека таквите дезинформации имаат цел да нанесат штета на иранските односи со соседите, пренесува државната новинска агенција IRNA.

„Ваквите лажни и смешни вести немаат поинаква цел туку да ги погоди надворешнополитичките врски на Иран, особено со неговите соседи“, изјавил портпаролот на министерството за надворешни работи Бахрам Касеми.

Агенцијата Reuters објави, повикувајќи се на неименувани ирански, ирачки и западни извори, дека наводно Иран дал балистички прокетили на сојузницитe во доминатно шиитскиот Ирак, како и дека наводно развива способност таму и да ги гради.

„Целта на оваа вест е само да предизвика стравувања во земјите од регионот“, додал Касами.

Секаков сигнал дека Иран подготвува поагресивна политика, особено со проектили во Ирак ќе ги зголеми тензиите меѓу Техеран и Вашингтон, кои веќе се зајакнати со одлуката на САД да се повлечат од меѓународниот нуклеарен договор меѓу иранската страна и шесте светски сили од 2015 година и враќето на сила на американскита санкции.

Таков расплет, доколку би бил веродостоен, би претставувал и удар за Велика Британија, и особено за Германија и Франција, кои се потписнички на договорот и се залаат за спасување на нуклеарниот договор, иако германските и француските компании веќе се повлекоа од иранскиот пазар поради заканите од САД со санкции.

Reuters, бед да именува, се повикува на три ирански функционера, два ирачки разузнавачки и да западни разузнавачки извори, кои наводно тврделе дека Иран преместил балистички проектили со кус дострел во Ирак во текот на изминатите неколку месеци. Пет од тие извори рекле и дека тоа им помага на шиитските групи да започнат со градење свои сопствени проектили.