Иран ги откажа сите спортски настани во земјата

zname iran
zname iran

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата.

Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.