Иран ги поздравува напорите на Франција за зачувување на нуклеарниот договор

Иран ги поздравува напорите на Франција за зачувување на меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година, изјави во средата иранскиот министер за надворешни работи Мохама Џавад Зариф, откако главниот дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон го посети Техеран поради разговорите за ублажувањето на кризата по повлекувањето на САД од договорот и иранското суспендирање на своите обврски произлезени од спогодбата потпишана со шесте светски сили.

Иран во понеделникот се закани дека повторно ќе ги стави во погон деактивираните центрифуги со што ќе го зајакне збогатувањето на ураниумот на 20 отсто, како и зголемува на количеството на резерви ураниом до 300 килограми, со што и Техеран ќе се оддалечи од договорот. Од претходно иранската страна врши притисок врз европските потписници на договорот од Виена да го заштитат Иран од повторно воведените санкции од САД.

Иранската службена новинска агенција IRNA објави дека портпаролот на министерството за надворешни работи Абас Мусав ја „поздравил француската улога во намалувањето на тензиите и спроведување“. „Французите се дел од напорите нуклеарниот договор да се одржи во живот“, рекол Мусави во текот на посетата на Емануел Боне, главниот допломатски советник на Макрон.

Боне допатува во посета на Иран за да се сретне со иранските функционери во екот на зголемените тензии меѓу Техеран и Вашингтон. Неговата мисија ги придвижи разговорите за да се „избегне неконтролирана ескалацаија, или дури несреќа“, рекол во вторникот франускиот министер за надворешни работ, Жан-Ив Ледријан, пренесува AFP.

Од друга страна, во средата попладнето Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во седиштето во Виена ќе одржи специјален состанок за Иран, Состанокот е свикан по барање на САД кои вршат огромен притисок врз Техера, откако во мај 2018 година Вашингтон се повлече од договорот. Иран објави дека намерно суспендирал два клучни апсекта од договорот, како одговор на повторно воведенете американски санкции. На средбата во Виена не се очекува носење некакви големи одлуки.