Иран ги предупредува САД против заплена на ослободениот танкер

Иран ги предупредил САД уште во петокот да се откажат од секаков нов обид да го запленат иранскиот нафтен супертанкер на отворено море, откако го напушти Гибралтар, сиоопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи.

Иранскиот танкер во понеделникот плови кон Грција, покажуваат податоците од пловидбата, неколку часа откако британската територија Гибралтар го одби американското барање да го задржи бродот.

Запрашан дали САД би можеле да го обоват барањето за заплена на танкерот откако тој ќе отплови од Гибралтар, портпаролот на иранската дипломатија Абас Мусави рече дека „Таквиот потег… би ја загрозил безбедноста на бродовите на отворено море. Издадовме предупредување преку дипломатски каналаи, особено швајцарската амбасада“, рече. Швајцарија ги претставува американските интереси во Иран, кој нема диполоматски односи со САД.

Британските маринци во јули го задржаа иранскиот танкер на Гирбалтар под сомнение дека превезувал нафта за Сирија, близок сојузник на Иран, со што би ги прекршил санкциите на Европската унија кон оваа земја. Блокирањето на танкерот потоа предизвика низа настани кои доведоа до големи тензии при преминувањето на странските танкери низ Персискиот залив, и блокирање на танкер под британско знаме.

Танкерот „Grace 1“, кој го доби новото име „Adrian Darya 1“ го напушти Гибралтар колу 23 часот по локално време, но неговата следна дестинација засега не е позната. САД бараа задржување на „Grace 1“, поради неговата наводна поврзаност со иранската Исламска револуционерна гарда, која Вашингтон ја смета за терористичка организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.