Иран го обвини Израел за напад врз неговите гасоводи

Во средата, Иран го обвини Израел дека стои зад минатонеделниот напад врз иранските гасоводи, новинската агенција Тасним го цитираше министерот за нафта Џавад Овџи.

Овџи ги окарактеризира двете експлозии на главната гасоводна мрежа на Иран, која се протега од југ кон север, како „терористички чин на саботажа“. Нападот се случи на 14-ти февруари.

„Непријателот имаше намера да го прекине снабдувањето со гас за домаќинствата (…), но нашите колеги за два часа го спречија израелскиот заговор и само неколку цевки беа оштетени“, рече Овџи.

Во декември минатата година, хакерска група којашто Иран ја поврзува со Израел објави дека извршила сајбер напад во кој собориле 70 отсто од сисемите на бензинските пумпи во Иран.