Иран го ослободил британскиот танкер ’Stena Impero’

Иранските власти го ослободиле британскиот танкер „Stena Impero“, кој беше запрен во Ормушкиот теснец од страна на елитните единици Исламската револуционерна гарда, пренесува во понеделникот телевизијата Sky News Arabia.

Телевизијата го цитира портпаролот на иранската влада, Али Рабија, според кој „заврпени се правните процедури за ослободувањето на британскиот танкер“. Сепак, Рабија не го навел точното време кога нафтениот танкер ќе го напушти иранското преистаниште. „Сѐ уште не знаме кога (фактички) танкерот може да замине на отворено море“, појаснил портпаролот.

Претходно во неделата шефот на одделот за пристаништа и крајбрежјето во покраината Хормоган, Аламорад Афифипур, изјаи дека нафтениот танкер „Stena Impero“ во согласност со одлуката на судот ќе биде ослободен во најскоро време.

На 19-ти јули иранската службена новинска агенција IRNA објави дека танекрот „Stena Imperо“ кој пловел под британско знаме бил задржан во Ормутскиот теснец, откако го исклучил транспоредерот, приемни а автоматскиот систем за распознавање, и не реагирал на предупредувањата даден од патролата на Исламската револуционерна гарда. Според Гардата, пловилото било приведено „поради кршење на меѓународните правила“ и било придружувано до брегот каде што е извршена проверка. Подоцна иранските власти соопштија дека танкерот бил вмешан во инцидент со ирански брод за риболов.

На почетокот од септември иранските власти му дозволија на седумчлениот екипажа на танкерот, да го напуштат Иран и да заминат за Обединетите Арапски Емирати. Потоа на бродот останаа 16 членови на екипажот, што е минимум за да се обезбеди функционирање на бродот во случај да исплови.