Иран го отфрла барањето на ОН за проверка на неговите нуклеарни постројки

Иран во вторникот го отфрли апелот на Меѓународната организација за атомска енергија (IAEA) да дозволи инспекција на две ногови постројки што може да предизвика нови проблеми во спорот околу иранската нуклеарна програма.

„Доколку IAEA продолжи со ваквиот пристап тоа може да предизвика проблеми во билатералните односи“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Најави дека Иран „соодветно“ ќе одговори на оваа агенција при Обединетите нации за атомска енергија не се согласи на „конструктивен пристап“, пренесе иранската агенција Isna цитирајќи го Мусави.

Дипломатската мисија на Иран во Виена, каде што е и седиштетот на IAEA, исто така, предупреди дека барањата коишто ги поставува оваа агенција би можеле да доведат до повторна криза во спорот околу иранската нуклеарна програма.

Повеќе од четири месеци властите во Техеран одбиваат да им дозволат на инспекторите на IAEA пристап до две локации на коишто во агенцијата сметаат дека се крие ураниум кој не е пријавен. Инпсекцијата ја побара шефот на IAEA, Рафаел Гроси, со поддршка на Германија, Велика Британија и Франција.

Иран својот став го оправдува со тврдењето дека ова барање ги надминува овластувањата на агенцијата, истакнувајќи дека IAEA би требало да дејствува на законски, неутрален и политички непристрасен начин кој нема да биде на линијата на „инсинуациите“ на разузнавачките служби на Израел, додава Мусави.

За барањето на IAEA рече дека е „вредно за жалење“, додавајќи дека зад него всушност стои „ционистичкиот режим чиешто непријателство кон иранскиот народ е познато ширум светот“.

Иран со шесте светски сили, од кои петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, и Германија во јуни 2015 година во Виена постигнаа договор кој требаше да го спречи Техеран во развојот на својата нуклеарна програма да дојде блиску до поседување нуклеарно оружје во замена за укинување на децениските санкции.

Но САД во мај 2018 година еднострано се повлекоа од договорот, барајќи склучување нов и вратија дел од санкциите. Како одговор и поради тоа што еверопските потписнички на договорот не успеаја да влијаат врз намалувањето на штетите врз иранската економија од американските рестрикции, Техеран од 2019 година започна со постепеното игнорирање на некои одредби од договорот.