Иран го повторува ултиматумот среде тензиите со САД

122

Иран нема да ги исполни дел од своите обврски произлезени од меѓународниот нуклеарен договор потпишан со шесте светски сили во 2015 година, доколку другите потписници не покажат „позитивни сигнали“, порача во саботата иранскиот претседател Хасан Роухани во екот на сѐ поголемите тензии со САД кои еднострано го напуштија овој договор во мај 2018-та, во екот на зголемените тензии меѓу Вашингтон и Техеран поради инцидентот со танкерите во водите на Персискиот залив.

Иран во мај годинава објави дека привремено ќе суспендира дека од своите обврски од меѓународниот нуклеарен договор. „Очигледно е дека Иран не може да биде единствениот кој се придржува на договорот“, им рекол иранскиот претседател Хасан Роухани на рускиот, кинескиот и другите азиски челници на меѓународна конференција во Таџикистан.

Неговата изјава доаѓа во време на зголемените тензии со САД кој го обвини Иран дека во четвртокот извел напади врз два танкера во Оманскиот залив. Техеран го отфрли обвинувањата дека има одговорност за овие инциденти. Велика Британија, која е потисничка на договорот, исто така го обвини Техеран, но другата европска потписничка Германија, вели дека тврдењата на Вашингтон поткрепени со наводна снимка како ирански специјалци поставуваат магнетни мини на еден од танкерите не е доволна за да се докаже тврдењето.

Роухани не ги споменал овие напади во говорот на конференцијата за соработка во Азија, која се одржува во таџикистанската престолнина Душанбе.

„Неопходно е сите страни да дадат свој придонес за договорот повторно да заживее“, рекол иранскиот претедател додавајќи дека очекува „позитивни сигнали“ од другите потписнички – Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија. Роухани не прецизирал кои чекори Иран ќе ги преземе и на кои сигнали точно мисли.

Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека Русија ќе се придржува до договроот и ги повикал и другете земји потписнички да го сторат истото. „Веруваме дека единствената разумна одлука е сите потписнички да ги исполнат своите обврски“, рекол Путин.

Техеран во мај најави дека ќе го започне зголеменото збогатување на ураниумот, доколку светските сили потписнички во рок од 60 дена не ја заштитат иранската економија од новите американски санкции. Меѓутоа, Вашингтон оттогаш го зголемува притисокот и врз Иран и врз своите сојуници, тврдејќи дека сака да спречи оваа земја да дојде до нуклеарно оружје. САД, исто така, бараат од Иран да ја запре својата балистичка програма и да не се меша во ситуацијата на Блискиот исток.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.