Иран го спроведе првото погубување на демонстрант

Иранските власти во четвртокот егзекутирала демонстрант кој бил осуден на смртна казна поради ранување во напад со ниж на иранската милиција во Техеран во текот на протестите, извести тамошната новинска агенција Tasnim.

Протестите ширум Иран избија кон средината на септември по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини во притворот на моралната полиција поради непридржување до правилото за покривање на главата. Либералните активисти тврдат дека починала од добиениот ќотек во притворот, а властите тврдат дека починала поради влошување на здравјето поради претходно болести.

Протестите, кои подоцна ја зафатија целата земја, се проценуваат на западот како најголемите по 1979 година, во кои има десетици загинати припадници на безбедносните сили и стотици демонстранти. Техеран за нивно поттикнување и организирање ги обвинуваат западните разузнавачки агенции и веќе осуди на смрт неколку лица обвинети дека работеле за странски служби.

Новинската агенција Tasnim го идентификуваше погубениот како Миохсен Шекари, но не изнесува повеќе поединости.

Влијателната Гарда на исламската револуција во понеделникот го пофали иранското правосудство поради „цврстиот став“ и го повика „брзо и решително“ да им пресуди на обвинетите за „злосторства против безбедноста на нацијата и исламот“.

Портпаролот на иранското правосудство Масуд Сетајеши објави во вторникот дека пет лица се осудени за убиство на Рухолах Аџамиан, припадник на милицијата Басиџ, со пресуда на смрт на којашто може да се жалат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.