Иран и руски „Газпром“ потпишаа договор за соработка во енергетиката

Националната иранска нафтена компанија NIOC и руските гасен гигант „Газпром“ во вторникот потпишаа меморандум за разбирање вреден околу 40 милијарди американски долари, соопшти новинската новинска агенција на иранското министерство за нафта SHANA.

Договорот на виртуелната свеченост го потпишаа извршните директори на двете компании, на денот кога рускиот претседател Владимир Путин допатува на самитот во Техеран со иранскиот и турскиот колеги, Ебрахим Раиси и Реџеп Тајип Ердоган.

„Газпром“ ќе му помогне на NIOC во развојот на гасните полиња Киш и Северен Парс и уште шест нафтени полиња, пренесува SHANA. Руската компанија, исто така, ќе биде вклучена и во завршувањето на изградбата на проектите поврзани со течен природен гас (LNG) и изградба цевководи за извоз на гасот.

Претставникот на NIOC изјави дека договорот со „Газпром“ ќе биде најголемата странска инвестициска обврска во историјата на иранската нафтена индустрија, додавајќи дека ќе претставува четвртина од сите инвестиции планирани за иранскиот нафтен сектор до 2025 година. Појасни дека претставници на двете државни компании одржале состаноци во рускиот Санкт Петербург и во Техеран пред потпишувањето на договорот.

Иран, по Русија, ги има вторите најголеми потврдени резерви на природниот гас на светот, но американските санкции му спречуваат пристап до технологиите и го забави развојот на извозот на гасот.